Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ годинава ќе стримува нов филм речиси секоја седмица

„Нетфликс“ годинава ќе стримува нов филм речиси секоја седмица

„Нетфликс“ ја објави листата со филмови за 2022 година и соопшти дека ќе има барем еден нов оригинален филм секоја седмица.

Стриминг-гигантот векендов откри кои филмови ќе бидат достапни, и се чини дека фановите ќе има на што да се радуваат, всушност, списокот вклучува 86 филмови, од кои 66 се англиски, а останатите 22 се меѓународни филмови од Франција, Индија и Кореја.

Насловите варираат од пулсирачка акција со Рајан Гослинг и Крис Еванс во The Gray Man („Сивиот човек“) или епска научнофантастична авантура со Хали Бери во The Mothership („Мајчинство“). Тука е и продолжението на крими-драмата на Рајан Џонсон Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег како детектив.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци