Утрински Весник
Свет

Нетанјаху ја одложи посетата на Емиратите поради несогласување со Јордан

Нетанјаху ја одложи посетата на Емиратите поради несогласување со Јордан

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху денес објави дека е откажана посетата на израелскиот лидер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради несогласувања со јорданската влада, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека кабинетот на израелскиот премиер преку соопштение објави дека посетата е привремено одложена поради тешкотии во координирањето на неговиот лет во јорданскиот воздушен простор.

Кабинетот соопшти дека несогласувањето со Јордан настанало поради претходното откажување на посетата на јорданскиот наследник на престолот на светилиштето во Ерусалим, што го почитуваат и муслиманите и Евреите, а кое се случило затоа што немало договор за безбедносни мерки, пренесува АП.

Израелските медиуми јавија дека принцот на Јордан, престолонаследникот Хусеин бин Абдула Втори планирал да го посети светото место во Ерусалим, но се вратил од граничниот премин поради несогласувања со израелските власти за бројот на членови на неговата вооружена придружба.

Јорданската влада не одговори веднаш на барањето на агенцијата за коментар по ова прашање, а претходно беше објавено дека денешната хоспитализација на сопругата на израелскиот премиер, Сара Нетанјаху поради слепо црево го довела во прашање неговото историско патување во ОАЕ пред изборите во Израел.

ОАЕ е трета арапска земја по Египет и Јордан што во август воспостави официјални дипломатски односи со Израел, наведува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ураганот Милтон носеше се пред себе – најмалку 16 жртви

Службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени

Се запали танкер во Балтичко море – ова се првите слики од пожарот