Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме низ целиот регион

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме низ целиот регион
300x250 opst2

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски брод во Оманскиот залив и вети одговор против иранските интереси низ целиот регион.

„Тоа беше иранска операција. Тоа е јасно”, изјави Нетанјаху за радиото Кан.

На прашањето дали Израел ќе одговори, тој ги повтори претходните изјави за одлучност да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје, додавајќи: „Што се однесува до мојот одговор, вие ја знаете мојата политика. Иран е најголемиот непријател на Израел и јас сум решен да го запрам и ќе удриме низ целиот регион“.

Техеран не го коментираше инцидентот ниту одговори на претходните израелски тврдења дека може да биде вмешан во експлозијата.

Израелскиот брод МВ Хелиос Реј сообраќал на релација помеѓу саудиски Дамам и Сингапур, а експлозијата се случила крај брегот на Оман, објави компанијата Дриад Глобал задолжена за поморска безбедност.

Оманскиот Залив се наоѓа помеѓу Иран и Оман, на излезот од стратешкиот Ормушки теснец низ кој поминува добар дел од светската нафта и во кој делува коалиција предводена од САД.

Нетанјаху во моментов води кампања за изборите на 23 март.

Радиото го емитуваше интервјуто по синоќешните напади кои му се припишуваат на Израел, а беа извршени против проирански мети во соседна Сирија.

Бидејќи интервјуто било снимено порано, за овие напади нема коментар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците објавија дека убиле 58 пакистански војници

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела