Утрински Весник
Спорт

Нестор-гол: Македонија нема да може да му се оддолжи на Горан Пандев

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Несреќниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација – Илија Несторовски кој поради повреда го пропушти дебитантското ЕП за Македонија денеска, откако хероите во „црвено-жолто“ се вратија во Скопје, на социјалните мрежи сподели статус посветен на националниот тим во кој посебно место има за капитенот – Горан Пандев:

„Заврши Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вчера беше мечот со Холандија. Не сакавме да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат геренации, ќе го прераскажуваат поколенија. Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина. Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро… Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда. Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има!“ – напиша Илија Несторовски.

> Нестор-гол: Македонија нема да може да му се оддолжи на Горан Пандев <

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност