Македонските фудбалски репрезентативци Илија Несторовски и Горан Пандев попладнево одиграа дел од второто полувреме за своите Удинезе, односно Џенова во натпреварите од 13 коло во Серија А.
Несторовски и неговиот Удинезе одиграа нерешено 1-1 кај Калјари, а нашиот напаѓач доби можност за настап во 78 минута.
Пандев, пак, кој доби можност за настап од 58 минута со Џенова претрпе пораз од Беневенто со 2-0. Џенова останува на претпоследната позиција со само 7 бода.
Миланските екипи триумфираа идентично, со по 2-1.
Милан славеше нагости кај Сасуоло, додека Интер на „Меаца“ ја совлада екипата на Специја.
Милан останува на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од градскиот ривал и +4 во однос на шампионот Јувентус.
> Несторовски и Пандев без реализација, Интер и Милан триумфираа со по 2:1 <