Утрински Весник
Македонија

„Неработниците и класниот“ – СДСМ објави табло од Мицкоски и пратениците

„Неработниците и класниот, овие не чинат 55.000 евра месечно“. Со ваков наслов СДСМ на социјалните мрежи објави табло од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратениците.

Претходно денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција образложи дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.

„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари што ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат, тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните. Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии што ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните“, изјави Кузеска.

Портпаролката на СДСМ порача дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и за мобилни телефони.

Можете да прочитате

Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба