Утрински Весник
Македонија

Непријавена дрога при претрес во објекти на правно лице од Охрид за одгледување на канабис за медицински цели

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата на документацијата и производите од канабис било констатирано дека во правниот субјект фигурира непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција.

Наркотичната дрога е одземена и со наредба од надлежен Јавен обвинител ќе биде предадена на вештачење, а по комплетирање на случајот, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе