Прилеп, 1 јуни 2020 (МИА) – Процесот на уписот на првачињата во прилепските основни улилишта течеа без проблеми. При приемот на децата и на родителите во училиштата се запазени сите мерки за заштита и се очекува во текот на месецов да се запишат 912 првачиња.
Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална смаоуправа, процесот тече без проблеми.
– Внимателно се применети сите мери за заштита при денешниот почеток на уписот на прваќињата во 7-те основни училишта во градот и 3-ите во населените места. Се применуваат сите мерки од мерење темепратура при влезот, дезинфекција и просторна дистанца при комуникацијата. Се запазува периодот од 20 минути при приемот на едно до приемот на друго дете. Процесот е непречен, изјави Николоска.
Процесот со сите мерки ќе трае цел месец. ем/оџ/