Утрински Весник
Македонија

Непознато лице го отстранило знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола

Непознато лице го отстранило знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола
Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи го осуди оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Бугарија пред конзулатот во Битола.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола. Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град“, се наведува во соопштението.

МНР нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската унија.

Можете да прочитате

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Вработени на Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи

Мециновиќ: Дојде времето на одлука и конечен удар