Утрински Весник
Свет

Необична посета: Ким во обиколка на фарма за пилиња

Необична посета: Ким во обиколка на фарма за пилиња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ја посети новата фарма за пилиња која се гради јужно од Пјонгјанг и се заложи за унапредување, како што оцени, на таа застарена стопанска гранка.

Севернокорејската официјална агенција КЦНА не прецизираше кога Ким го посетил погонот во Хванџу, пренесува „Ројтерс“.

Ким изјави дека погонот, кој ќе произведува илјадници тони вкусно и квалитетно месо и десетици милиони вкусни и квалитетни јајца секоја година, ќе даде значаен придонес во диеталниот живот на граѓаните.

Овој објект, рече тој, ќе биде модел за модернизирање на фарми за пилиња низ целата земја кои беа изградени пред повеќе од 20 години.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони