Утрински Весник
Свет

Немири во затвор во Шри Ланка кадешто има заразени затвореници

Немири во затвор во Шри Ланка кадешто има заразени затвореници

Најмалку шест затвореници загинаа, а 35 се повредени во немирите во затворот во Шри Ланка, објавија властите на таа островска земја.

Стражарите отвориле оган кон затворениците кога започнал немирот, а двајца од нив се здобиле со сериозни повреди.
Стотици полицајци се дополнително распоредени утрово околу затворот, кој се наоѓа на околу 15 километри северно од Коломбо.

Во затворите во Шри Ланка има околу 26 000 затвореници кои ја издржуваат казната, а капацитетот на институциите е 10 000. Повеќе од илјада затвореници во пет затвори биле позитивни на коорнавирусот, а најмалку двајца починале. Досега се позитивни околу 50 затворски чувари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја