Утрински Весник
Спорт

Нема фудбал во Шпанија до крајот на мај

Нема фудбал во Шпанија до крајот на мај

Мадрид, 7 април 2020 (МИА) – Претседателот на шпанска Примера, Хавиер Тебас ја отфрли можноста за продолжување на сезоната пред крајот на мај.
Шпанското фудбалско првенство е суспендирано на неодредено време, а земјата е во вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус, мерка што ќе остане на сила најмалку до 26 април.
Но, Тебас не исклучи можност за одигрување на мечевите без присуство на публика, додека играње пред намален капацитет на стадионите може да почне да се применува во примерен момент и по совет на здравствените власти.
Примера поради тоа ќе загуби значителен фонд средства што во најоптимистичкото сценарио се однесуваат на 150 милиони евра. Но, она од што најмногу се плашат во шпанскиот фудбал е „минусот“ да не достигне една милијарда евра, епилог што е можен ако сезоната воопшто не продолжи. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот