Утрински Весник
Економија

Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот

Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.

УЈП нема да ги презема овие дополнителни мерки се додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти ИУЈП. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Формирана Групација на овластени увозници на моторни возила

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%