Утрински Весник
Македонија

Нема пораст на процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во земјава

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се ослободи за пациенти кои не се заболени од ковид

Нема пораст на процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во земјата.

Како што истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче, на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализирале податоците од претходните две недели.

„Трендовите се сѐ уште во насока на тоа да е приближно ист бројот од вкупно дијагностицирани од вкупниот број на тестови направени, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ „8ми Септември“ повеќе денови по ред има под 100 пациенти кои се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат во овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клинички болници ширум државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно пратење на контактите и ставање во изолација“, рече Филипче.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk