Утрински Весник
Спорт

Нема плата ако пропуштите натпревар, а не сте вакцинирани

Нема плата ако пропуштите натпревар, а не сте вакцинирани

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 16.октомври. Главна тема пред почетокот на сезоната е вакцинацијата на играчите, тренерите и клупскиот персонал, односно како ќе бидат третирани кошаркарите кои одбивата да се вакцинираат.

Изминатите денови Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Ендру Вигинс и уште некои други играчи јавно кажаа дека не сакаат да бида вакцинирани. НБА има јасен став по ова прашање, играчите кои ќе пропуштаа натпревари само поради тоа што не се вакцинирани нема да добијат финансиски надомест.

„Секој играч кој ќе одбере да не се однесува според протоколите на локалните власти во врска со вакцинацијата, нема да биде платен за натпреварите што ќе ги пропушти“, рекол извршниот потпретседател на НБА, Мајкл Бес.

> Нема плата ако пропуштите натпревар, а не сте вакцинирани <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина