Утрински Весник
Македонија

Нема никаква разлика – ВМРО-ДПМНЕ градеше споменици, Шилегов гради улици

Levica

Активистите од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ денес објавија дека влегуваат во изборната трка за Советот на град Скопје со непартиска коалиција, на претстојните локални избори.Тие сметаат дека со нивното учество во локалната власт ќе придонесат во решавање на актуелените локални проблеми на граѓаните.

Одлуката да излезат на претстојните избори, како што нагласуваат „е резултат на долгогодишното исклучување и изневерување на довербата на граѓаните од политичарите, кое куминирало по серијата одбивања на предлозите од платформата „МојГрад“.

-Тоа што сега го прави Шилегов и неговото владеачко мнозинство е буквално пандан на тоа што го правеше претходното владеачка мнозинство, додека беше на власт. Тие градеа споменици, овој гради улици. Нема никаква разлика, рече актуелната советничка во Советот на Град Скопје и поранешен член на „Левица“, Драгана Велковска.

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ е составена од долгогодишни активисти, волонтери за заштита на животна средина, за заштита на животни и за социјална правда.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата