Утрински Весник
Спорт

Нема крај на проблемите: Челси ќе го загуби и главниот спонзор

Нема крај на проблемите: Челси ќе го загуби и главниот спонзор
Dik 300x250 mk

Англискиот премиерлигаш Челси се наоѓа во огромни проблеми поради санкциите што Велика Британија му ги воведе на Роман Абрамович, но не беше поштеден и клубот од „Стемфорд бриџ“. Челси нема да може да продава билети за натпреварите, нема да работат фан-шоповите, а клубот нема да може да потпишува и нови договори со фудбалерите.

Сега доаѓа и нов голем проблем, откако главниот спонзор на Челси, „Три“, побара раскин на соработката.

Официјалниот спонзор кој на Челси му даваше 40 милиони евра годишно побарал раскинување на соработката. Нивното барање е итно да се отстрани логото од дресовите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

> Нема крај на проблемите: Челси ќе го загуби и главниот спонзор <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја