Утрински Весник
Македонија

Нема заболени од КОВИД-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Нема заболени од КОВИД-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Тетово, 5 јуни 2020 (МИА) – Нема ниту едно вработено лице заболено од КОВИД-19 во објектите на детската градинка „Младост”, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени. 

Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост“ во ТетовоЗа среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија од општина Тетово.

Како една од превентивните мерки, установата од 1 јуни започна со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките. 

Скринингот за вработените во градинките започна на 26 мај. ас/бак/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје