Утрински Весник
Македонија

Нема да се брза со отворање на градинките

Дезинфекција на душеци и теписи во градинките во Општина Карпош

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Во однос на почетокот со работа на градинките ќе се запази динамичкиот план што веќе е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Веќе почнуваат да се отвораат и уписите за тие деца кои не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата, а тоа оди паралелно со оној процес на враќање тогаш кога ќе се одлучи, односно тогаш кога ќе бидат отворени  за вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со градинките, нагласи Филипче.

Министерот Филипче потенцира дека апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа се до отворање на градинките.

– Тие имаат апсолутно легитимно право да не одат заради тоа што мора да ги чуваат децата, а секој прекршок би требало да се санкционира  преку инспекторатите,  потенцира Филипче.цр/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Корупциски скандал во Албанија, фирми поврзани со Балуку имаат активности и во Македонија

Образованието и комуникацијата се неопходни за ресоцијализација на деца во судир со законот

ОЈО Кочани ќе поднесе жалба на куќниот притвор за вработените во УЈП осомничени во случајот „Пулс“