Утрински Весник
Спорт

Немања Матиќ уште две години во Манчестер јунајтед

Немања Матиќ уште две години во Манчестер јунајтед

Манчестер, 8 март 2020 (МИА) – Немања Матиќ, сепак, останува во Манчестер јунајтед. Веста за британските медиуми ја потврди менаџерот на „Црвените ѓавиоли“, Оле Гунар Солсјкер на неколку часа пред дербито со Сити.

Договор, вели Норвежанецот, е постигнат, останува уште параф од српскиот репрезентативец на новата двегодишна соработка.

– Останува овде. Постигнавме договор со него и ќе биде наш играч и во наредниот период, изјави Солскјер.

Матиќ во есенскиот дел не се изнаигра за Манчестер јунајтед. Причина беа повредите, но и фактот дека нема потпишано нов договор. И самиот во декември порача дека Јунајтед има предност во плановите за неговата натамошна кариера. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали