Утрински Весник
Свет

Неколку стотици летови се откажани во Италија

Неколку стотици летови беа откажани во Италија, среде празнично патување, поради четиричасовни штрајкови на вработените во нискобуџетните авиокомпании и контролорите на летови.

dobivaj vesti na viber

Фабрицио Кушито, функционер на синдикатот на работниците во воздухопловството, изјави за италијанската државна телевизија дека се откажани околу 500 летови, додавајќи дека работниците во авиокомпаниите бараат подобри плати и подобри работни услови, вклучително и оброци за време на долгите смени, пренесува АП.

Италијанското Министерство за транспорт објави дека работниците на авиокомпаниите Ryanair, Easyjet и Volotea штрајкувале во 14 часот по локално време, а контролорите на летот еден час порано.

Можете да прочитате

Орбан од Брисел: Нема да дозволиме отстранување на ветото или милитаризација на Унијата

Обилните снежни врнежи однесоа 30 животи во Јапонија

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина