Утрински Весник
Македонија

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација

Нашиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 9 март 2020 (МИА) – Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.

Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип  на кожното одделение прават целосна дезинфекција. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека подетални информации и за преземените мерки ќе даде попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче. вдј/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари