Утрински Весник
Спорт

Некои играчи во НБА лигата не сакаат да ја доиграат сезоната поради расизам во САД

Шампионот во НБА поразен од ЛА клиперс
Dik 300x250 mk

Вашингтон, 8 јуни 2020 (МИА) – Некои играчи во НБА лигата не сакаат да ја завршат сезоната поради тешкото опкружување поврзано со расизмот во Соединетите држави. Ваквите информации ги сподели поранешниот играч на НБА лигата Мет Барнс, напиша на Твитер новинарот Јосија Џонсон.

Претходно, бран протести и немири се случија низ градовите на Америка по смртта на Џорџ Флојд предизвикана од полицаец во Минеаполис.

Тековната НБА сезона беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. На 4 јуни, лигата објави дека управниот совет одобрил формат за продолжување на турнирот со 22 екипи за да одиграат по осум натпревари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја