Утрински Весник
Спорт

Неизвесно е дали ќе играат Наполи и АЗ Алкмар

Неизвесно е дали ќе играат Наполи и АЗ Алкмар
Dik 300x250 mk

Новата сезона во Лига Европа ќе започне во четврток, а УЕФА веќе се соочува со потенцијален проблем. Можно е натпреварот помеѓу Наполи и АЗ Алкмар да биде одложен.

АЗ Алкмар пријави дека во клубот има деветмина заразени со коронавирусот, шест од нив се фудбалери.

Засега не е познато дали здравствените власти на Неапол ќе дозволат натпреварот да биде одигран и каква ќе биде реакцијата на УЕФА доколку биде реализирано ова сценарио.

„Потребно е одговорно да се однесуваме. Фудбалерите на Алкмар треба да одат во карантин, а натпреварот мора да биде одложен. Градската влас на Неапол не може да реагира, но можат здравствените власти. Мораме да бидеме свесни за последиците доколку натпреварот се одигра“, рекол претставникот на градското собрание, Чиро Борнело.

Покрај Наполи и АЗ Алкмар во оваа група, во Лига Европа, партиципираат Ријека и Реал Сосиедад.

> Неизвесно е дали ќе играат Наполи и АЗ Алкмар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс