Утрински Весник
Македонија

Незначително намалување на новозаразените, Скопје и натаму со најмногу активни случаи

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Сто шеесет и четири новозаразени со Ковид-19, 12 оздравени пациенти,  двајца починати и 1.045 тестирања е вчерашниот биланс од епидемијата на коронавирусот, што го соопшти Министерството за здравство.

Завчера беа регистрирани 175 случаи, а рекордот на дневно ниво беше забележан на 5 јуни со 180 случаи. Во изминативе пет дена во државава беа направени 4.733 тестирање, а 678 граѓани добија позитивни резултати за Ковид-19. Како резултат на вирусот изминатите пет дена има 18 смртни случаи.

На Инфективната клиника во Скопје вчера беа примени 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Исто така вчера во ГОБ „8 Септември“ примени беа 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.

На врвот со најактивни случаи со Ковид-19 е Скопје, со вкупно 1040 пациенти, следи Куманово со 202 случаја, Штип 192, Тетово 165… Од друга страна, во главниот град во редоследот по единици на локална самоуправа на чело е Општина Чаир со 235 позитивни пациент со коронавирус, Гази Баба со 89 активни случаја, Бутел со 88, во Центар и Аеродром, заклучно со 12 јуни имаат по 87 пациенти со Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид -19.

Околу 70 проценти од активните случаи и новозаразените со коронавирусот се во рамките на познатите кластери, но има и нови, односно лицата заразени на две свадби во Охрид и Скопје. Како што изјави завчера министерот за здравство Венко Филипче појавата на нови случаи е секогаш поради истата причина, а тоа непочитувањето на мерките.

После неколку дена мирна состојба и негативни резултати како последица на непочитување на мерките за заштита од корона вирусот во Дебар повторно се регистрирани случаи на заболени. Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, истакна дека состојбата е под контрола, но како што оди трендот и очекувањата, тој додаде дека во следните денови ќе имаа појава на спорадични случаи со Ковид-19 во овој град.

Истовремено тој истакна дека трите позитивни случаи од петокот се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за седумте брисеви земени во вторникот сеуште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од скрининг на вработените во градинката, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.

Последната статистика објавена од Министерството за внатрешни работи за казни по однос на неносење заштитна маска покажува дека се санкционирани над илјада граѓани меѓу четврток и петок.  Како што информираа од МВР висината на казната за не носење маска е 20 евра, односно 10 евра во денарска противредност ако истата се плати за една недела. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации