Утрински Весник
Спорт

Незадоволниот Џеко си оди од Рома

Незадоволниот Џеко си оди од Рома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Един Џеко во преодниот рок би можел да замине од Рома. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина играч на Рома стана во 2016 година.

Италијанските медиуми пишуваат дека постојат две добри причини поради кои 34 годишникот би заминал од клубот.

Џеко бил разочаран од резултатите и фактот дека речиси сам го држи нападот на целиот тим. Исто така финансиската ситуација во клубот е далеку од идеална, на Рома и се потребни пари, а продажбата на Џеко е можност Рома да заработи неколку милиони евра.

Наводно Интер сериозно биле заинтересирано за Џеко. Напаѓачот минатото лето беше пред трансфер на „Џузепе Меаца“ кој пропадна откако клубовите не можеда се договорат околу обесштетувањето. Минатиот јули Интер нудеше 10 милиони евра, а Рома бараше дупло повеќе за да го одбри трансферот.

Според италијанските медиуми ова лето од Рома би прифатиле 15 милиони евра за искусниот напаѓач. Доколку Рома го продаде Џеко во Рим би можел да се пресели Аркадијуш Милик за чии услуги интерес покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место