Утрински Весник
Македонија

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Законот за ЈО е од исклучително значење за земјата

Независната ПГ на ВМРО-ДПМНЕ изрази благодарност до Бундестагот за позитивната одлука за отпочнуваер на преговори со ЕУ

Скопје, 16 февруари 2020

Во однос на Законот за ЈО ние како Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сакаме пред јавноста да ги реафирмираме нашите ставови. Законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на патот кон евроинтеграциите што пак е без исклучок избор на сите граѓани. Носењето на овој закон ќе биде и најверојатно клучниот момент при изготвувањето на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија што ќе биде доставен до советот на министри на ЕУ. Исто така во текот на вчерашниот ден слушнавме изјава на еден од клучните лидери на земја која во октомври минатата година не дадоа зелено светло за отпочнување на преговори на нашата држава со ЕУ, дека доколку извештајот на министри биде позитивен Македонија ќе добие датум за преговори. Исто така убедени сме дека оваа материја мора да биде уредена бидејќи вака како што се водат постапките и функционира правосудно-обвинителскиот систем состојбата не е добра, особено не за тие што се обвинети. Ние од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата после нашите консултации со експерти, јавната расправа, разгледувањето на забелешките што во минатиот период ги предлагаше опозицијата и расправата во собранието каде сите ги соочивме аргументиите за и против, повеќе од убедени сме дека вградивме суштински и добри забелешки во законот кои во иднина ќе допринесат правото и правдата да бидат водилка во натамошните процеси, определивме дополнителен рок за усогласување на нашето законодавство со европското со што дополнително ќе се анулираат одредени решенија во други закони кои можеа да бидат злоупотребени во политички цели и конечно дадовме одложен рок на примена, и доколку на било која политичка гарнитура што утре ќе победи и мисли дека треба да направи дополнителни промени во законот ќе има можност да го стори истото. Заради сите овие причини ние го поддржавме овој закон со чиста совест.

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор