Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)
Img 7972

Париз, 16 февруари 2020 (/) – Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на /.

Питон де ла Фурнез, вулканот на Реунион е еден од најактивните на планетата, минатиот понеделник за прв пат во годината тој повторно избувна, објави префектурата на францускиот департман во Индискиот океан. Големата сеизмичка криза започна во 10:27 часот по полноќ по локално време (07:27 часот по полноќ во Париз) и „вулканскиот потрес, синоним за пристигнување на магмата близу до површината, (евидентиран е од околу 10:50 часот по полноќ по локално време“, соопшти префектурата.

Иако вчера се најавуваше крај на ерупцијата, сепак во раните утрински часови лавата повторно започна да тече.

Според апаратите на вулканолошката опсерваторија на Питон де ла Фурнез, изворот на овој потрес се наоѓа на источниот дел од вулканот.

Сместено во калдерата на вулканот, оваа област е целосно ненаселена. Затоа ерупцијата не претставува никаква опасност за луѓето кои живеат на овој вулкански остров и имотот.

Последното будење на Питон де ла Фурнез  беше на 25 октомври 2019 година. Вулканот се врати на спиење на 27 октомври. Лавата замрзна на 250 метри од магистралниот пат 2 (РН2), единствената сообраќајна оска што се поврзува источниот со јужниот дел на брегот.  

Сместен на југо-исток на Реунион, Питон де ла Форнез е еден од најактивните во светот. Тој избувна дваесет пати во текот на изминатите десет години. Во 2019 година тој имаше дури пет ерупции и истовремено е еден од најпознатите во светот. тг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи