Утрински Весник
Македонија

Неексплодирана рачна граната пронајдена во Старо Нагоричане

Неексплодирана рачна граната пронајдена во Старо Нагоричане

Неексплодирана рачна граната била пронајдена во селото Драгоманце во општина Старо Нагоричане.

Според информациите на МВР, вчера во 13.20 часот било пријавено дека во село Драгоманце при ископ била пронајдена стара неексплодирана рачна граната.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и еден малолетник

Неидентификувано тело без делови од телото во Зрновци, клучна обдукцијата

Пронајдена почината жена во двор во Куманово