Утрински Весник
Македонија

Неексплодирана граната пронајдена на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Неексплодирана граната пронајдена на автопатот во изградба Кичево-Охрид
Dik 300x250 mk

Вчера била пронајдена неексплодирана граната на автопатот во изградба Кичево-Охирд, информираат од МВР.

Од таму објаснуваат дека на 13.04.2021 година во 12:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на населбата Иванидол, пронајдена е неексплодирана граната.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за минофрлачка мина од 60 милиметри без запалка, која, по преземени сигурносни мерки од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, безбедно е подигната, известуваат надлежните институции.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат