Утрински Весник
Свет

Неделно ќе бидат доставувани по две милиони вакцини на Оксфорд во Велика Британија

Неделно ќе бидат доставувани по две милиони вакцини на Оксфорд во Велика Британија

Две милиони дози на вакцинaта против коронавирус, развиена од Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“, се очекува да бидат доставувани во Велика Британија секоја недела, објави „Тајмс“.

„АстраЗенека“ очекува да испорача вкупно двe милиони дози на вакцината до следната недела, објави весникот, повикувајќи се на неименуван член на тимот Оксфорд-АстраЗенека.

Велика Британија во средата ја одобри вакцината Оксфорд-АстраЗенека против Ковид-19, надевајќи се дека брзата акција ќе помогне да се запре рекордниот пораст на заразени лица со новиот вид на коронавирус кој се шири побрзо.

Премиерот Борис Џонсон нарача 100 милиони дози вакцина од „АстраЗенека“, доволна за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Велика Британија, која бележи повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус дневно во последните четири дена, се справува со брзото ширење на многу позаразната варијанта на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови

Се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните – милијардерите од Г20 би можеле да ја искоренат светската сиромаштија