Утрински Весник
Македонија

Негативен и вториот тест на министерот Филипче, завршува неговата изолација

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација, Министерството продолжува непречено да работи

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Негативен на коронавирус е и вториот тест на министерот за здравство Венко Филипче, кој резултатот го добил денеска. Со тоа завршува и неговата 14-дневна изолација која беше на негова иницијатива иако, како што вели, епидемиолозите не сметале дека е во ризик.

-Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и сè функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката, истакна министерот Филипче во допис до медиумите. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда