Утрински Весник
Македонија

Невладината организација ,,КХАМ” десетта година по ред ја спроведува „Неделата на имунизација“

Невладината организација ,,КХАМ” десетта година по ред ја спроведува „Неделата на имунизација“

Делчево, 21 мај 2020 (МИА) – По повод Европската недела на имунизација денеска во Делчево беа доделени 16 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и пропаганден материјал за значењето на имунизацијата.
Акцијата на кој годинава се дава посебен аспект на менталното здравје на децата е во организација на Невладината организација КХАМ и Општина Делчево, а со поддршка на Здравствениот дом и Општинската организација на Црвен крст од Делчево.
-По повод Европската неделата на имунизацијата, акцијата се спроведува 10 години, а целта е да се излезе на терен, да се проверат картоните за имунизација кај децата до 1 година, како и да се подигне свеста за важноста од редовната вакцинација, истакнаа од Невладината „КХАМ“.
Со редовната вакцинација како што истакнаа од Здравствениот дом, се искоренија болести кои во минатото го загрозуваа колективниот имунитет помеѓу населението.
-Токму затоа велиме дека вакцинацијата е една од најуспешните превентивни мерки за заштита на здравјето на населението. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита на населението од заразни болести се постигнати најдобрите резултати во историјата на медицината, додадоа надлежните.
Во Република Северна Македонија, со активна имунизација се започнува кон средината на минатиот век и со текот на времето бројот на болестите кои се превенираат со вакцинација сѐ повеќе се зголемува. Првата вакцинација е воведена во 1948 година со воведување на вакцинација против туберкулоза. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме