Утрински Весник
Македонија

Невладината КХАМ ќе додели хигиенски пакети за социјални семејства

Невладината КХАМ ќе додели хигиенски пакети за социјални семејства

Делчево, 2 април 2020 (МИА) – Невладината организација КХАМ од Делчево се вклучува во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани од ромска популација. За таа цел, како што информираше извршниот директор на КХАМ, Зекир Абдулов, во наредниот период ќе бидат доделени хигиенски пакети за најзагрозената категорија граѓани.

– Во регионот каде работиме располагаме со 300 хигиенски и дезинфициони пакети кои треба да бидат поделени на ранливите семејства, кои во моментот поради пандемијата со коронавирудосот не се во можност да дојдат до средства, вели Абдулов.
Активностите според предвиденото ќе продолжат и со доделување прехранбени производи за овие лица.
-Во наредниот период ќе се донираат и прехранбени производи. Се надеваме дека оваа поддршка ќе биде соодветна за помош на најранливите групи преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена кај оваа категорија граѓани, истакна Абдулов.
Активностите ќе се реализираат преку програмата за јавно здравје со поддршка на фондацијата Отворено општество Македонија. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата