Утрински Весник
Спорт

Невил загрижен од неактивноста на Манчестер јунајтед

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер јунајтед од следната сезона ќе го води Ерик тен Хаг. Доаѓањето на холандскиот стручњак навестува промена во клупската култура по уште една разочарувачка сезона.

И покрај промената на клупата, поранешниот капитен на Јунајтед, Гери Невил е загрижен за активностите кои ги планира клубот во летниот преоден рок.

„Знам дека е рано, но загрижен сум дека Јунајтед не може да склучи никакви договори. Другите се подготвени, а Јунајтед се уште не почнале. Додека Манчестер сити го донесе Ерлинг Халанд, Ливерпул Дарвин Нуњез, Јунајтед се уште нема потврдено ниту еден трансфер. Во Тотенхем пристигна Иван Перишиќ и клубот најавува уште трансфери“, напишал Невил на социјалните мрежи.

Јунајтед, во овој предиор најмногу се поврзува со Френки де Јонг, но тој нема намера да ја напушти Барселона. Според англиските медиуми долг е список на потенцијални засилувања, но прашање кога и кој ќе пристигне на „Олд Трафорд“.

> Невил загрижен од неактивноста на Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk