Утрински Весник
Спорт

Невиден Сеир! Швајцарците пратија 9.3 кг чоколадо за Северна Ирска за ремито со Италија

Невиден Сеир! Швајцарците пратија 9.3 кг чоколадо за Северна Ирска за ремито со Италија

Швајцарската фудбалска федерација го исполни ветувањето и прати 9.3 килограми швајцарско чоколадо преку селекторот Мурат Јакин како благодарност што им помогнаа да се квалификуваат на Мундијалот со тоа што ја заддржаа Италија на 0:0 во одлучувачкиот меч.

Италијанците мораа да победат во Белфаст, со одредена гол-разлика за да завршат пред Швајцарија во групата, но успеаја да одиграат само 0:0, додека Швајцарците со 4:0 ја здробија Бугарија.

Швајцарскиот селектор Јакин го исполни ветувањето со праќање на 9.3 килограми чоколадо – 100 грама за секоја минута од мечот.

> Невиден Сеир! Швајцарците пратија 9.3 кг чоколадо за Северна Ирска за ремито со Италија <

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија

ЗОИ2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години