Утрински Весник
Економија

НБ очекува банките да не делат дивиденда, добивката да ја стават во функција на зголемување на капиталот

НБРМ: Во мај продолжи намалувањето на каматната стапка на вкупните кредити

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Банките да ја стават добивката остварена во изминатата година во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките. Вакво укажување е дадено од Народната банка во рамки на интензивната комуникација со банките а во врска со нивната подготвеност за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот Ковид-19.

-Народната банка им укажа дека очекува како и досега, тие да покажат високо ниво на прудентност, вклучително и при носењето на одлуките за распределба на добивката остварена минатата година, наведуваат од централната банка.

Оттаму појаснуваат дека нивните надзорни и управни одбори се известени дека како надлежен регулаторен и супервизорски орган очекуваат добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.

-Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите кои се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот Ковид-19 врз домаќинствата и правните лица. Високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката ќе придонесе за натамошно успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, а со тоа и за одржување на финансиската стабилност, истакнуваат од Народната банка.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025