Утрински Весник
Македонија

НБРСМ сѐ повеќе ќе финансира проекти за „зелена“ економија

НБРСМ сѐ повеќе ќе финансира проекти за „зелена“ економија

Централните банки почнуваат сѐ повеќе да инвестираат и во финансиски инструменти за финансирање на проекти што придонесуваат за создавање „зелена“ и одржлива економија. Во овој контекст се и последните измени што ги направи и Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) во декември, во рамки на стратегискиот план, при што во наредниот период се предвидуваат истражувачки активности за утврдување на ефектите од климатските промени и на економските трошоци кои ги предизвикуваат тие за економијата и за финансискиот систем.

Ова, меѓу другото, го посочи гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска, на редовниот гувернерски состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на кој тема беа податоците од анкетата на БИС за најновите трендови во управувањето со девизните резерви.

„Се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централно-банкарската заедница, навремено спроведување на меѓународните стандарди и придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните“, соопштуваат од НБРСМ.

На состанокот, покрај активностите на централните банки во управувањето со девизните резерви, се разгледал и Годишниот извештај на Комитетот за централно-банкарска статистика „Ирвинг Фишер“, за лекциите од периодот на корона-кризата за статистиката. Првата е за потребата од висококвалитетни статистички податоци, втората лекција е во врска со тоа дека има одредени празнини во однос на базите на податоци, а третата лекција што произлезе од кризата со пандемијата, е нагласената потреба за продлабочување на достапни статистички податоци, повеќе од стандардниот опфат, особено во време на криза.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени