Утрински Весник
Спорт

НБА ќе им овозможи на играчите без санкции да одбијат да учествуваат во продолжување на сезоната

Голден стејт изедначи во финалето на НБА-лигата

Њујорк, 11 јуни 2020 (МИА) – НБА и синдикатот на кошаркари на лигата ќе им овозможат на играчите да не учествуваат во продолжување на сезоната 2019/20 без кон нив да има примена на санкции.

Според „ЕСПН“ во текот на изминатиот ден, од 40 до 50 играчи изразија загриженост за продолжување на сезоната во Орландо и условите за живот на кампусот на кои ќе им бидат обезбедени.

Се известува дека никој од нив сè уште не дал официјална изјава за неподготвеност по пауза во сезоната поврзана со коронавирус. Во случај да одбијат настап, кошаркарите нема да добијат санкции, но ниту пари за пропуштените натпревари.

Изворот тврди дека играчите наведуваат голем број проблеми, вклучувајќи ги и семејните проблеми, како и неможноста да го напуштат кампусот, политичката состојба во САД и пандемијата на коронавирус.

Забележано е дека евентуалното прескокнување на остатокот од сезоната главно го кажуваат играчи чии тимови не се кандидати за освојување на шампионатот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот