Утрински Весник
Спорт

НБА ја прекина сезоната откако играчот Руди Гобер се зарази со коронавирус

НБА ја прекина сезоната откако играчот Руди Гобер се зарази со коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) – НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гобер беше позитивен на коронавирусот.

Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гобер. Французинот не беше присутен во арената.

Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност