Утрински Весник
Спорт

НБА се враќа порано од очекуваното

Бакс го победи шампионот, Голден Стејт даде нова жртва

Орландо, 11 јуни 2020 (МИА) – Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) може да се врати ден порано од предвиденото – на 30 јули.

Ова го најави Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, а неговиот колега од „АП“, Тим Рејнолдс додаде дека Лигата работи според распоредот на секој тим и сè уште има работи, што треба да се потенцираат.

Како што стана познато пред една недела, на состанокот меѓу комесарот Адам Силвер и Управниот одбор, беше решено да се продолжи сезоната во НБА лигата на 31 јули во забавниот комплекс „Дизни“ во Орландо.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство