Утрински Весник
Спорт

НБА постигна договор за намалување на платите

НБА: Наградата за МВП на Ол Стар мечот ќе се вика Коби Брајант

Њујорк, 18 април 2020 (МИА) – Раководството на Националната кошаркарска асоцијација на Северна Америка (НБА) и Унијата на играчи (НБПА) постигнаа договор за намалување на платите од 25 проценти за време на пандемијата од коронавирус.

Веста ја објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, на Твитер.

Според новинарот, кој цитира преговарач, мерката треба да стапи во сила на 15 мај. Договорот разгледува постепено намалување на платите во паузата во НБА првенството предизвикано од пандемијата. Но, играчите ќе ја добијат целосната плата за април.

НБА лигата го стопираше редовниот шампионат на 12-ти март поради коронавирусот. Одлуката е донесена откако центарот на Јута џез, Руди Гобер се тестираше позитивно за вирусот. Во наредните часови и денови, уште неколку клубови објавија дека во своите редови имаат заразени кошаркари.

Самиот вирус се појави и се шири во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, а на 11 март Светската здравствена организација го призна нејзиното ширење како пандемија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари