Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

НБА Ол Стар викенд: Хилд од Сакраменто победи во шутирање тројки

НБА Ол Стар викенд: Хилд од Сакраменто победи во шутирање тројки
Img 7972

Чикаго, 16 февруари 2020 (МИА) – Бади Хилд од екипата на Сакраменто победи во натпреварот во шутирање тројки во рамки на НБА Ол стар викендот во Чикаго. Во финалето, тој имаше помирна рака од Девин Букер и Давис Бертранс.
Хилд и Букер имаа по 27 погодени тројки, па минаа на финална серија удари во која играчот на кингси беше попрецизен за една топка (27:26).
– Го слушнав спикерот кога рече дека имам 25 прецизни шута. Знаев дека Девин погоди 26 и бев свесен дека мора да го престигнам, макар за една погодена тројка. Ја задржав концентрацијата, се насочив во намерата и успеав, рече Хилд кој победата ја посвети на неговите сонародници од Бахамите кои лани беа погодени од силниот ураган „Доријан“. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН