Утрински Весник
Спорт

НБА нема да им забрани на играчите да комуницираат со семејствата доколку сезоната продолжи

Дел од НБА екипите почнуваат со тренинзи во петок

Вашингтон, 3 мај 2020 (МИА) – НБА продолжува да разгледува различни опции за продолжување на сезоната 2019/20, што беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Сепак, НБА ја отфрли можноста за какво било потенцијално решение што може да бара изолација на играчи од нивните семејства, објави „ЕСПН“.

Претходно, НБА на својата официјална веб-страница веќе објави одложување на церемонијата на драфтот што требаше да се одржи во мај.

Најсилната кошаркарска лоига на светот ја прекина редовната сезона на 12 март поради коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство