Утрински Весник
Спорт

НБА: Главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда

Голден стејт изедначи во финалето на НБА-лигата

Вашингтон, 17 јуни 2020 (МИА) – Раководството на НБА лигата ги извести сите 30 екипи дека главната цел на продолжување на сезоната е да се привлече вниманието кон проблемите со социјалната неправда.

– Главната цел на рестартирање на сезоната ќе биде да се користи НБА платформата за да се сврти вниманието кон проблемите на социјалната неправда и конзистентни активности, вклучително и борба против систематски расизам, проширување на образовни и економски можности низ црната заедница, спроведување на полициска и криминална правда и промовирање на граѓанско активност, се вели во соопштението.

Продолжението на сезоната 2019/20 во најсилната светска кошаркарска лига се очекува на крајот од јули или почетокот на август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство