Утрински Весник
Македонија

На 26 мај во Тетово осум лица не го почитувале полицискиот час

ОЈО Скопје предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до тетовскиот Основен суд достави предлози за издавање казнени налози за осум лица кои на 26 мај 2020 година биле забележани на различни локации како се движат низ градот, за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата, соопштија од Јавното обвинителство.

Со своите дејствија тие сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“