Утрински Весник
Свет

На 15 јуни состанок во дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Dik 300x250 mk

Европската служба за надворешни работи соопшти дека во вторник, 15 јуни, ќе се одржи состанок во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Предвидено е состанокот да започне околу 08:30 часот и да заврши до 12:30 часот.

ЕЕАС наведува дека медијатор на состанокот ќе биде шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, со помош на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Се очекува учесниците во дијалогот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, да се обратат пред медиумите по разговорите во Брисел.

Текстот На 15 јуни состанок во дијалогот Белград-Приштина во Брисел е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега