Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Пет прислушувани разговори се објавени денеска на Јутјуб, на кои се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, како меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзан неговиот татко.
На една од снимките, објавени на Јутјуб каналот на ГолиТру, Милошоски му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не е баш поволна. Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша, Милошоски го добива од Вангеловски.
Милошоски, според тоа што може да се чуе на снимките потоа се јавува и директно кај еден од судиите, кои го водат предметот, но и кај уште едно женско лице. ац/дма/