Утрински Весник
Македонија

На шеталиштето во Градско засадени пет садници „Јапонски цреши“

На шеталиштето во Градско засадени пет садници „Јапонски цреши“

Велес, 31 март 2020 (МИА) – Општина Градско денеска во Отворениот парк на ООУ „Даме Груев“ во Градско, покрај новоизграденото шеталиште на ул „.Александар Македонски“, засади пет садници на „Јапонски цреши“.

Од Општина Градско посочуваат дека прекрасните „Јапонски цреши“ кога ќе расцветаат ќе бидат вистински украс на новоизграденото убаво уредено шеталиштето во центарот на Градско на потегот од училиштето до центарот на Градско.

Шеталиштето и во оваа населба моментно е замрено, поради состојбата со Ковид-19, бидејќи најголем дел од граѓаните ги слушаат препораките на Владата и седат дома.

Од Општина Градско се со надеж и се надеваат дека ден поскоро ќе заврши вонредната состојба во земјава, а со што и жителите на Градско и бројните посетители, ќе можат повторно да уживаат во новоизграденото шеталиште.

Шеталиштето со средства од Општина Градско во вредност од 2 милиони и 242 илјади денари неодамна беше целосно реновирано поплочено со украсни бехатон цигли и збогатено со урбана опрема: клупи и корпи за отпадоци. ад/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“