Утрински Весник
Спорт

На Хаверц му се испушти да сака во Челси

Хаверц сака да одлучи за својата иднина летово

Лондон, 18 јуни 2020 (МИА) – Се чини дека Каи Хаверц сака да го следи неговиот соиграч во Бундестимот, Тимо Вернер во Челси.

Претходно денес, англискиот клуб го објави привлекувањето на напаѓачот на РБ (Лајпциг). Набргу откако излегоа информациите за договорот, еден навивач го повика Челси на Твитер да го објави трансферот на Хаверц. Објавената публикација ја „лајкна“ самиот играч на Баер Леверкузен.

Сепак, малку подоцна, младиот човек го отстрани својот „лајк“.

Евентуална набавка и Хаверц ќе го оптовари буџетот на „сините“, бидејќи тие веќе го привлекоа Хаким Зијеш од Ајакс за 40 милиони евра, а споменатата цена на Вернер е 53 милиони евра.

Според извештаите на медиумите, офанзивниот играч од средниот ред на Леверкузен чини најмалку 75 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026